Денот на одлука доаѓа
Опитот на проклетство предупредува
Желбите растат разгорени
бестрашното срце поигрува
Таа се одалечува, преубава,
неочекувана тежина никне
осаменоста притиска од далечина
вредностите обезличени потонуваат
Мајката плаче низ насмевка
неизвесноста чука во подсвеста
Патот долг, непредвидлив,
надежта се множи незапирлива
Судбината немилосрдно притиска,
данокот на вечноста надоаѓа,
Сржта одвнатре зоврива и
отпорот тивко замира.